ⓘ Најдобрите години од нашиот живот е американски драма филм, режиран од Вилијам Вајлер, во кој глумат Фредрик Марч, Мирна Лој, Дејна Ендрус, Тереза Рајт, Вирџини ..

                                     

ⓘ Најдобрите години од нашиот живот

Најдобрите години од нашиот живот е американски драма филм, режиран од Вилијам Вајлер, во кој глумат Фредрик Марч, Мирна Лој, Дејна Ендрус, Тереза Рајт, Вирџинија Мајо и Харолд Расел. Во филмот се обработува приказната за тројца американски војници кој се обидуваат да си ги средат своите живот по враќањето од Втората светска војна. За продуцирањето на овој филм, Семјуел Голдвин бил инспириран откога прочитал колумна за ветерани објавена во магазинот Тајм на 7 август 1944, во која биле опишани тешкотиите на војниците по нивното враќање од војна и живеење како цивили. Голдвин најмил поранешен воен репортер за да напише сценарио. Неговото дело, најпрво било објавено како новела именувана "Слава за мене". Подоцна, Роберт Шервуд ја адаптирал новелата на сценарио.

"Најдобрите години од нашиот живот" освоил седум оскари во 1946, меѓу кои и оскар за најдобар филм, оскар за најдобар глумец, оскар за најдобар глумец во споредна улога, оскар за најдобра монтажа, оскар за најдобро адаптирано сценарио и оскар за најдобар резултат. Филмот веднаш добил пофални критики и набрзо станал најголемиот комерцијален успех по издавањето. Во САД и Обединетото Кралство, Најдобрите години од нашиот живот станал најпосетениот филм по издавањето на "Однесени од виорот". Во ОК се наоѓа на шестото место на најпосетени филмови на сите времиња со продадени над 20 милиони билети. Како филм меѓу оние со највисока гледаност, при продажбата на билети ја надминал сумата од 20.4 милиони долари.

                                     

1. Надворешни врски

  • Најдобрите години од нашиот живот на "Screen Guild Theater": 24 ноември 1947
  • Најдобрите години од нашиот живот на "Screen Directors Playhouse": 17 април 1949
  • Најдобрите години од нашиот живот на Семрежната филмска база на податоци англиски.
  • Најдобрите години од нашиот живот детална анализа на "Film Site" од Тим Диркс.
  • Најдобрите години од нашиот живот колумна за филмот на "Reel Classics". Вклучува и МП3.
  • Најдобрите години од нашиот живот на филмската база TCM.
  • Најдобрите години од нашиот живот на мрежното место "Golden Years".
  • Најдобрите години од нашиот живот - AllMovie англиски.

ККатегорија:Филмови засновани на романи

                                     
  • откако патувал по целиот свет, се вратил во нормалниот идиличен живот Романот Нашиот господин Рен не постигнал некој поголем успех, но сепак тој го
  • учествувано во повеќе музички шоуа. Првото учество му е на 17 години со пласман во најдобрите 12. Најголем успех има има постигнато во регионалното шоу X
  • возраст од 93 години во Париз. Претседателот Франсоа Оланд по смртта на Бонфоа изјавил дека тој ќе биде запаметен по издигнувањето на нашиот јазик на
  • на манастирот да биде еден од најубавите до тогаш. Затоа решил да ги ангажира најдобрите мијачки копаничари и најдобрите зографи за тоа време, што придонело
  • скриен и интимен, треба да се остане во него. Романот Сама е едно од најдобрите остварувања на Горјан Петревски. Роман кој е лесно препознатлив по неговата
  • окарактеризира Меркјури како еден од најдобрите рок забавувачи на сите времиња кој поседуваше еден од најдобрите вокали во целата музика Меркјури
  • станал воденичар. Таму го дочекал и крајот на својот живот некаде во почетокот на педесеттите години од XIX век. Во печатницата на Теодосиј се печатени книгите:
  • Учејќи од најдобрите книжевни дела на сите епохи, Косински го развива својот стил и техника... во склад со потребата да ги изрази новите нешта за нашиот живот
  • за нашиот општествен развиток што инаку наскоро ќе стане еден од основните преокупации на современата драма. Драмата Парадоксот на Диоген е еден од позначајните
  • на Крива Паланка. На турнирот учествуваат најдобрите играчи до 18 години од балканските земји. Ова е една од најголемите спортски манифестации во регионот
  • примери ги зема од животот, па често пати неговите повикувања на одредена ситуација ни откриваат некое конкретно однесување на нашиот народ од почетокот на